МИО објаснува: Предусловите се исполнети, но PayPal одлучува кога ќе влезе во Македонија

По разните најави, шпекулации и нагаѓања според тоа што PayPal ќе објави на својот сајт, сепак финансискиот сервис сè уште не нуди поддршка за Македонија.

Официјално нема датум. Не се знае кога ќе влезе PayPal во Македонија, тоа зависи од нив, објаснува Благица Андреева од Министерството за информатичко општество.

„Во комуникација со PayPal знаеме дека предусловите се исполнети. Во следниот круг на земји кои ќе бидат вклучени ќе биде и Македонија, но тоа ќе зависи од PayPal. Не се работи за вклучување на една земја, туку на вклучување на група земји. Затоа условите треба да бидат исполнети од сите.“

Кога и да влезе PayPal во Македонија, прво ќе биде овозможено да се купува преку сервисот. Потоа, како што е стандардната пракса, во рок од година дена ќе биде овозможено и да се примаат пари, што ќе помогне на македонските корисници полесно да продаваат добра преку Интернет и надвор од Македонија.

PayPal работи на своите системи за да биде технички спремен, да може да функционира и со македонската валута – денар, вели г-ѓа. Андреева. Можеби полисата за промени на наплаќањето која ја имаше и Македонија во листите на земји, која беше и причината за шпекулации за брз влез на PayPal во Македонија, е едностано средување на технички детали од страна на PayPal, средување на „нивни политики“. Кога прв пат се појави листата, PayPal нам и на други корисници кои прашаа им испрати имејл кој велеше дека „PayPal нема официјален датум за влегување во Македонија“.

Според г-ѓа. Андреева, од PayPal зависи кога тие ќе се решат да ја вклучат новата група земји. Во таа група ќе биде и Македонија.

8 коментари на “МИО објаснува: Предусловите се исполнети, но PayPal одлучува кога ќе влезе во Македонија

  1. ja imam naracano od kina graficka karticka koja vredese 120 dolari mi stigna bez nikakva carina da platam ni postarina ednostavno nisto, potoa imam naracano hard disk koj vredese 70 dolari isto taka nemase ni carina ni nisto,

  2. Значи и утре да влезиме во листата на Пеипал нема да можиме да примаме пари една година. ОМФГ. Мииииизззззззззеррииииииаааааааааааааааааааааааааааааааааа.

  3. Ова е само еден пример а ги има многу само јас што ги знам од мои колеги и пријатели и токму затоа Paypal не е присутен во Македонија. Нивната политика е таква да ако купувачот не ја добие пратката они ја надоместуваат штетата. Второ колку случаи ќе има на продавачи кои ќе ги земат парите а нема да ја испорачаат робата. Кој е тој закон кој нив ќе ги гони? Трето, како да влезе кога максималната вредност на производите купени преку Paypal e 45 евра, под услов да не постои обврска за плаќање на увозни давачки. За производи над 45 евра се плаќа царина и данок од 35% како општа царинска стапка. Додека при влез на некоја од границите домашните патници се ослободени од увозни давачки за увоз на стока од некомерцијална природа со вредност до 350 евра. Кој апсурд.

  4. Кои предуслови, кои групи на земји, тоа се глупости. Paypall е присутен во 190 земји меѓу кои Аруба, Мајоте, Науру, Ниуе, Тувалу, Вануату земји кои никој не ги слушнал. Прво треба да му се гарантира на Paypal дека пратките ќе стигнат до купувачот а не да завршат кај цариникот или поштарот. Порачав од Америка комплет ЦД со книга за учење јазик. Кога отидов да го подигнам пакетчето беше отпакувано демек бил извршен царински преглед (целофанот скинат) и покрај тоа што се гледа што е. Цариникот што ја прегледал пратката си го земал ЦД-то и мене ми ја дадоа само книгата. На пропратните документи од Америка јасно се гледаше дека робата тежи 300 грама и така е примена во царина на преглед. После прегледот царина ја дава на пошта за испорака но во поштенските документи стоеше дека пратката сега е тешка 200 грама, 100 грама се изгубиле при царинскиот преглед. На моја интервенција ме советуваа да направам записник за повреда на пратка да го предадам и да чекам одговор. Знаете што ми одговорија после месец дена: – Не постои повреда на пратка, пратката е исправно испорачана, потпишано од директор на пошта. И што сега, каде да се жалам понатаму !!! Се јавив во Америка ги информирав дека добив само книга без ЦД и они со цел муштеријата да биде задоволен, на нивни трошок ми пратија нов комплет но сега преку DHL. Која срамота.

  5. ha-ha! kako ne! Ke vleguvaat grupa na zemji, ova po regioni da ne odi? poshto kolku sho mene mi e poznato a moze i mnogu ubavo da se zabelezi na oficijalnata strana na paypal, site okolni zemji se primeni (so iskluchok na Makedonija i Srbija) duri i ALBANIJA i BOSNA se primeni!
    Aman prestanete so shpekulacii, pa i koga ke vovedite jaka rabota ke napravite – moze samo da se kupuva! E bravo! Posle ushte kolku godini posle taa "edna" ke ne lazete deka paypal ke odluchi da ne prifati i kako zemja vo koja korisnicite mozat i da primaat a ne samo prakjaat pari??
    I koj tehnichki detali za zemja koja ja nema vo nivniot sistem?? Toa e isto kako Uganda da ja vkluchi Makedonija vo izmenite na sistemot na "Obedineti SrednoAfrikanski Zemji"!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии