Министерството за информатичко општество најави амбициозен проект да отвори, имплементира и хостира, 100 електронски продавници за 100 македонски бизниси и стартапи во тек на 2012-2013 година. Според МИО, проблемот со малиот пазар на електронска трговија во Македонија не е недовербата на корисниците да купуваат од онлајн продавници, туку проблемот е малиот број на електронски продавници.

„Предуслови за постоење на такви електронски продавници постојат, односно не постојат никакви законски пречки за нивно функционирање. Единствено нешто што недостасува е техничко предзнаење за целокупниот процес, од воспоставување на систем за водење на нарачки, преку поврзување со процесор за плаќање со кредитни картички, до систем за поддршка и испорака.“, вели МИО.

МИО во 2012-та ќе одбере 50 бизниси и ќе ги обучи вработените и ќе им стартува е-продавница. Е-продавниците ќе бидат со изработен дизајн, ќе имаат едноставен систем за е-нарачки, модул за калкулирање на цената на поштарина, ќе им биде обезбедено SEO оптимизација, фотографирање на артиклите, преводи, обука за оптимизација на друштвени медиуми, промоција преку клик, и ќе имаат обезбедено хост за 1 година. По една година, е-продавниците ќе бидат оставени на бизнисите да продолжат да си ги хостираат продавниците. Во 2013-та ќе бидат стартувани уште 50 е-продавници.

Бизнисите кои ќе добијат е-продавница ќе треба да конкурираат со бизнис план за кој претходно ќе добијат урнек како тоа треба да изгледа.

Сите продавници ќе бидат агрегирани на една страна, еден вид „веб трговски центар“ што ќе обезбеди полесно пребарување и откривање на продавниците.

„Со цел да се обезбеди дополнителна логистичка поддршка, кога бројот на продавници ќе достигне до 100, доколку кај претприемачите постои интерес, ќе се субвенционира подигање на комерцијален drop-shipping дистрибутер кој од централна локација би ги испорачувал производите во странство за сите 100 е-Commerce продавници и останатите продавници кои би се појавиле на македонскиот пазар.“, вели MIO во соопштението.

2 коментари на “МИО најави 100 веб продавници за 100 .мк бизниси

  1. Здраво,

    Проектот на МИО за жал е клон на веќе воспоставен и разработен модел – сервисот на Трговски центар за е-трговија: http://e-trgovija.tc.mk/
    Штета што и понатаму нема поддршка на претприемништвото и вистинските иновации во Македонијa и наместо тоа се воведува нелојална конкуренција на пазарот.

  2. Дали ако се пријавиме во наредните 15 минути ќе добиеме бесплатна шпакла за одлепување божиќни сарми ?
    Наместо да продаваат топ-шоп муабети нека обезбедат ефтин и брз транспорт на производи до купувачи во странство, поедноставена папирологија за извоз, пониски царини и last but not least ПЕЈПАЛ. Човече во 2011 година Македонија не е поддржана од во светски рамки најпопуларниот payment processor.
    Приложувам фотографија од два среќни корисника на Пејпал. Погледнете ја добро. http://www.come-to-africa.com/wp-content/gallery/
    Тие имаат Пејпал.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии