MiniTool алатки за справување со податоци и партиции

Низ годините, пишувавме за MiniTool алатките во неколку наврати. Се работи за мали, но моќни пакувања кои можат да ви помогнат да ги повратите вашите изгубени податоци (MiniTool PDR), олеснето да управувате со хард дискот и партициите (MiniTool Partition Wizard Free), како и да направите бекап на вашите податоци со ShadowMaker.

Од неодамна, од MiniTool не контактираа и нѝ ветија дека нивните најнови продукти се значително подобри и дека навистина би требало да ги провериме. Тоа и го направивме.

Софтвер за партиции – MiniTool Partition Wizard 

За нашето мислење за единаесеттата верзија на Partition Wizard можете детално да се информирате тука. Во нашето навраќање на алатката, решивме само да се фокусираме на новитетите кои беа вметнати од тогаш, па до сега. 11.5 верзијата воведува три нови јазици, односно француски, италијански и корејски. Алатката за враќање податоци (Data Recovery) е сега поддржува можности за директно прегледување на 70 типови на фајлови, нешто што знае да биде корисно, особено во ситуации кога името на фајлот не ви кажува ништо и сакате директно да видите за што се работи. Дополнително, покрај поддршка за BitLocker, забележителни се и оптимизации низ останатите алатки. Како резултат, управувањето со партициите делува поедноставено и забрзано. MiniTool Partition Wizard и понатаму останува еден од подобрите управители со партиции, но, во случај да барате подеднакво одлична алтернатива, проверете го и продуктот на EaseUS!

Софтвер за враќање податоци – MiniTool Power Data Recovery 

На времето, бевме исклучително импресионирани од можностите кои се кријат во осмата верзија. Слично како кај Partition Wizard, сега и MiniTool PDR се одликува со значително помоќен енџин за прегледување на 70 видови фајлови. Тоа се чини како единствениот поголем новитет и останатото се сведува само на неколку исправки на багови.

Софтвер за враќање податоци од преносливи направи –  MiniTool Mobile Recovery

Две алатки кои ви дозволуваат да пробате да повратите изгубени, избришани или корумпирани податоци од најразлични преносливи направи, чиј оперативен систем е Android или iOS. Апликациите одамна немаат претрпено некакви надградби и иако интерфејсот делува релативно едноставен за употреба, погрижете се да се консултирате со нивните водичи, пред да пробате да повратите пораки, контакти, историја на повици, документи или бројни други мултимедијални податоци, како фотографии, видеа и музика. Иако често наидувате на сајтот дека се бесплатни, всушност се работи за пробни верзии, кои бараат купување лиценца за максимално враќање на оние податоци кои би можеле да бидат пронајдени.

Софтвер за бекап на податоци – MiniTool ShadowMaker

Се работи за професионална алатка за бекап на вашиот компјутер, сервери и работни станици. Бесплатната верзија се одликува со солидни можности за бекап на драгоцените податоци, како и нивно враќање во ситуации на несакани катастрофи. Бекапот може и да се синхронизира, да се прави во одредено време или пак да се поставува на бутабилен медиј, што е особено корисно при враќање на оперативниот систем во состојба на претходно, беспрекорно функционирање. Најновата 3.1 верзија дозволува клонирање динамични дискови, како и можности за создавање бутабилно USB, како и горе-споменатата синхронизација на фајловите.

Што не нѝ се допадна со MiniTool?

Алатките функционираат солидно и, покрај ретко замрзнување на MiniTool Partition Wizard, како и подолги вчитувања на MiniTool ShadowMaker, најголема забелешка упатуваме кон MiniTool Mobile Recovery и нивната, можеби,  недоволно транспарентна политика на рекламирање каде зборот бесплатно се расфрла насекаде и е отворен на погрешни интерпретации. Нешто за што мислите дека е бесплатно, произлегува дека е само бесплатно за преземање и извршување првични анализи.

 

Претставникот од MiniTool Solutions Ltd, со име Skylly W, нè извести дека компанијата е составена од над 100 вработени и дека нивниот иден продукт е MiniTool Moviemaker.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии