Минимални промени во сенките овозможуваат камерите на паметните телефони да ѕиркаат зад аглите

Гледањето на предметите, возилата и луѓето кои се движат зад аглите на зградите вообичаено не се видливи за луѓето. Истражувачи од MIT успеаја со помош на вештачка интелигенција да детектираат промени во полусенките за да видат што има зад аглите.

An illustration shows a video camera pointing a the base of a corner, and measuring the light reflected by two objects located just beyond a wall.

Image courtesy of MIT

Кога стоиме до агол на зграда или сличен објект, најголем дел од објектите се невидливи. Но, дури и во овој случај прават промени во полусенката кои се невидливи за окото на набљудувачот. Сепак, камерите на паметните телефони се доволно чувствителни и можат да ги забележат овие 0.1% промени во сенката.

Ваквата анализа на податоците овозможува лоцирање на луѓето или предметите зад ѕидот, но поважно, и нивната брзина на движење. Технологијата овозможува и следење на бројот на луѓе зад препреките. Досегашните експерименити покажуваат дека технологијата работи одлично без разлика на светлото и површината од која се одбива светлината.

Најголема продобивка од технологијата би можеле да имаат паметните возила. Иако самите возила ќе бидат свесни за позицијата на останатите возила, пешаците и велосипедистите нема да бидат приклучени во истата мрежа. Со размена на податоци помеѓу возилата, би можеле и да креираат слики и за непрегледните делови. Сепак, оваа технологија може да функцинира и без други возила и насекаде.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии