Mineral e одговор на X Company за фармите на иднината

Дејан Соколоски

во Свет

Поголема ефикасност и зголемено производство на храна е едно од најважните прашања за иднината. Поголемо производство е потребно за да се прехранат повеќе луѓе, но и за да се намали површината на која се садат овие култури. Дополнително климатските промени предизвикуваат намалување на приносите.

Mineral e проект на лабораторијата на Google кој треба да даде одговор на се поголемата потреба од храна. Компанијата во минатото имаше проекти за агрикултура. Бидејќи не беа доволни за да се прехрани поголема популација овие проекти беа напуштени.

За да се прехрани популација на планетата, глобалното земјоделство ќе треба во следните 50 години да произведе повеќе храна отколку во претходните 10 000 – во период кога климатските промени ги прават нашите посеви помалку продуктивни, велат од X Company.

Овој пат компанијата креира софтвер и хардвер за земјоделците. Со помош на вештачка интелигенција ќе ја анализира состојбата на секое растение на полето. Потоа на земјоделците ќе им презентира релевантни податоци.

За оваа потреба изработено е и своевидно автономно баги за садење. Покрај садењето роботот „патролира“ по полето и во комбинација со сателитски податоци, временска прогноза и податоци за почвата ќе се креира потполна слика за состојбата.

За носење на било какви заклучоци потребно е да се направи анализа за тоа како овие состојби влијаат на растенијата. Токму ова и ги прави Google во оваа фаза. Собира податоци за растот на јагодите, сојата, лубеници, салати, јачмен од ‘ртење до жнеење.

На крајот оваа технологија треба да им помогне и да им ја олесни работата на земјоделците. Ќе имаат податоци за секоја билка; за состојбата на полињата; и на најдобар начин, со максимални заштеди ќе може да се грижат за своите насади.

Засега Mineral тестира на различни локации во САД, Канада, Аргентина и Јужна Африка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии