Microsoft ќe им помага на наставниците со Minecraft за образование

Microsoft започнува образовна платформа која со помош на видеоигри ќе им помогне на учениците да учат на поедноставен и позабавен начин. Играта по избор е секако популарната Minecraft која Microsoft ја купи за 2 милијарди долари. Наскоро ќе биде достапен и Minecraft портал за наставниците.

Платформата со Minecraft ќе овозможува интерактивно образование во неколку области: математика, историја и географија, но со оглед на тоа дека Minecraft има речиси неограничени можности, без сомневање наскоро ќе видиме уште повеќе предмети во кои учениците преку својата креативност, низ забава ќе можат да се здобијат со нови вештини и знаења. Периметар, волумен, површина се делови од геометријата кои најмладите ученици можат полесно да ги разберат преку визуелизација и низ игра. Модели на историски споменици ќе помогнат за поедноставно помнење на теми од историјата.

Платформата преку Bing Pulse ќе им овозможи на учениците да прашаат доколку нешто не им е јасно. Ова ќе овозможи динамички промени и прилагодување на предавањата. Minecraft порталот за наставниците засега нема дата на објавување, а Bing Pulse треба да биде официјално достапен од 9-ти јули.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии