Minecraft Beta најпосле доби поддршка за ray tracing

Minecraft сигурно не е првата игра која би ви паднала на памет доколку ве праша некој која игра има најимпресивна графика и текстури. Истата е намерно направена да е едноставна од оваа гледна точка, што е и една од најпривлечните работи кај истата доколу се тргне настрана самиот гејмплеј. По најавата на блогот на Nvidia, Beta верзијата за Windows 10 најпосле доби поддршка за ray tracing, благодарение на нивната RTX технологија.

Од најбитните, и визуелно најприметните работи, се издвојуваат поддршката за DLSS 2.0, како и шест нови RTX Creator светови кои можат да се симнат од маркетот на Minecraft. Споредено со стандардната верзија, новиот апдејт доаѓа со импресивно реалистично осветлување од најразлични извори, како и одлични рефлексии на сите рефлективни површини и блокови, и волуметриска магла.

Новите светови покриваат најразлични сценарија, а наменети се да ви дадат на располагање се што може да понуди новата RTX технологија. Нивните имиња во голема мера објаснуваат за што се работи во секој од нив:

  • Aquatic Adventure
  • Crystal Palace
  • Color
  • Light and Shadow
  • Imagination Island
  • Of Temples and Totems

Во зависност од конкретната ситуација, DLSS 2.0 поддршката доаѓа со подобрувања до 300 проценти. Истите зависат од резолуцијата и хардверот кој се користи, како и од световите, но несомнено е дека во скоро секое возможно сценарио ќе има видливи подобрувања.

Ограничувачкиот фактор е што (иако очекувано), целата технологија е достапна само за корисниците кои имаат Nvidia GeForce RTX графички картички. И покрај тоа што AMD прикажаа демо со RDNA2 архитектурата, која поддржува ray tracing, непознато е дали ќе можете да уживате во реалистичните светови на Minecraft со неа. Доколку сакате да ги испробате новите визуелни подобрувања, ќе ви биде потребен најновиот драјвер на Nvidia, верзија 445.87, кој може да се симне од страницата на Nvidia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии