Минатата недела пребарувачот Ecosia го засади 100 милионитото дрво

IT.mk редакција

во Вести

Ecosia е интернет пребарувач кој ја користи својата заработка за да пошумува. Од првата половина на јули Ecosia може да се пофали дека бројот на засадени дрвца надминува 100 милиони.

Пребарувачот парите од реклами ги користи да инвестира во пошумување и на секои 45 пребарувања садат по едно дрвце. Во моментов Ecosia има над 15 милиони активни корисници чии пребарувања помогнале да стигнат до 12, 85 милиони евра. Средствата се користат за пошумување на 9000 различни локации.

Ecosia не само што инвестира во пошумувањето туку и серверите целосно ги префрлија на електрична енергија од сонцето. Дури и повеќе од ова компанијата успеа во својата намера, да произведе електрична енергија од сонце за 200% од своите сервери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии