Милиони фотографии украдени од корисници на Mac

Милиони фотографии на корисници на Mac се украдени последните 13 години, благодарение на безбедносен пропуст. Малициозниот софтвер автоматски ги вклучувал камерите и микрофоните и детектирал кога корисникот пребарувал порнографија, јави Ars Technica.

Софтверот наречен Fruitfly е креиран од Филип Дурчински од Охајо. Сега креторот на софтверот е пред судот, а обвинителот откри дека кодот за FruitFly го напишал пред 14 години; кога имал само 14 години.

FruitFly не собирал само слики, туку и податоци за: данокот; медицинската состојба; интернет пребарувања; притисоци на копчињата од тастатурата; трансакции од банки и слично. Малициозниот софтвер автоматски препознавал кога корисникот пребарувал термини врзани со порнографија. Најверојатно ова му помагало да ги дискириминира жртвите за потоа полесно да ги уценува за финансиска придобивка.

„Дурчински ги прислушкувал разговорите на луѓето и тајно ги гледал, а истовремено водел и детални белешки за неговото шпионирање. Во некои случаи FruitFly го известувал ако корисникот пребарувал порнографија. FruitFly не функционирал единствено на OS X, има верзија и за Windows“, тврди обвинителот.

Софтверот одлично се прилагодувал и работел и на Windows и на Linux. Дополнително, истите сервери се користеле за прибирање и чување на слики од различни платформи.

Во 2017 година безбедносните експерти на Malwarebytes открија дека софтверот е во употреба повеќе од 10 години. Во јули се откриени повеќе различни верзии на малициозниот код. Firefly е една од верзиите која повеќе од 10 години скриено шпионирала околу 400 корисници. Серверите за контрола сè уште функционираа и во 2017 кога беа откриени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии