Милиони апликации би можеле да бидат избришани од Google Play

Милиони апликации наскоро би можеле да бидат избришани или да им биде намалена видливоста на Google Play. Причина за ова е непочитувањето на правилата за користење, а Google веќе започна да испраќа предупредување до девелоперите, јави Next Web.

Девелоперите ќе мора да ги применуваат правилата за приватност на Google Play доколку сакаат нивната апликација да остане на сервисот. Девелоперите ќе треба да креираат линк до соодветната политка за приватност на листата на Google Play и во апликацијата. Можат и  да ги отстранат побарувањата за поголема приватност со отстранување на деловите од апликациите кои ги предизвикуваат. Во спротивност апликациајта може да биде остранета од Google Play.

На девелоперите им е оставен период до 15 март да ги надминат проблемите. По ова Google ќе започне да ја намалува „видливоста“ на апликациите или ќе ги отстрани од продавницата.

 

Image: The Next Web

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии