Веќе не му веруваме на Интернетот, вели еврокомесарката Нели Крус

Корисниците веќе не му веруваат на Интернетот, посебно по објавување на доверливите документи во кои детално се опишани системите кои NSA ги користи за да ги шпионира и собира лични податоци, вели еврокомесарката за Дигитална агенда и потпретседател на Европската Комисија, Нели Крус.

Г-ѓа. Крус во својот говор на Cebit во Хановер, пред публиката во која седеше и германската канцеларка Ангела Меркел, чиј телефон беше прислушуван од aдминистрацијата на Барак Обама, рече дека следната фаза на интернетот ќе биде облакот и Интернет на нештата кои ќе бидат централна точка во поврзување на алатките за производство, енергија, едукација и паметни автомобили.

„Интернетот веќе не е само за имејл“, вели г-ѓа. Крус. „За да го направиме тој скок на верба во новиот свет, сигурноста и довербата треба да бидат предуслов. Но, кога ниту телефонот на канцеларката не е безбеден, таа доверба никогаш повеќе нема да биде земена здраво за готово. Не само за тоа, јасно е дека милиони Германци, и милијарди ширум светот веќе немаат доверба во Интернетот“.

Eдно од решенијата која г-ѓа. Крус го предложи во враќање на таа доверба е да им се дозволи на европските граѓани да одберат каде и кој ќе ги чува нивните податоци. Во тек е подготовна на европска директива кој ќе бара од компаниите и властите да бидат поодговорни со корисничките податоци бидејќи „нациите треба да бидат сериозни во својата заштита“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии