Микротрансакциите ќе бидат присутни во секоја игра, вели EA

Веќе неколку пати известувавме за неколку „алтернативни“ начини на плаќање на видео игри. Некои од нив се со цел да се  намали цената на игрите, пример со вметнување на реклами во нив или пак бесплатна основа на играта со микротрансакции кој би овозможиле поврат на средствата и профит за дизајнерите. Вообичаено издавачите се скептични околу овие модели, па затоа е вистинско освежување кога некои од нив ќе се осмелат да говорат на оваа тема.

Во интервју за Kotaku, еден од директорите на Electronic Arts, Питер Мур најавува дека можеби иднината на нивните наслови е во микротрансакции. Сепак г. Мур го предвидува ова за подалечна иднина од 5 до 10 години и можеби повеќе.

Мислам дека на крајот микротрансакциите ќе бидат присутни во сите игри, но игрите ќе бидат бесплатни.“

Целта на ваквиот бизнис модел е да се собере огромен број на играчи, а трошоците ќе бидат покриени од помалиот број на играчи кои плаќаат.

„Тргнати сме во тој правец дали ќе се случи 5 години од сега или 10 години, основата на играта ќе биде бесплатна… Исто како што е бесплатно влегувањето во The Gap во локалниот трговски. Никој не ви наплаќа ако влезете таму. Можам да влезам таму, да слушам музика, разгледувам фармерки или било што, но ако сакате да купите нешто мора да платите“

И на г. Мур му е јасно дека ова нема да им се допадне на „хардкор“ играчите на видео игри кои мора да ѕирнат во секој  агол,  да го „убијат“ секој непријател и да го превртат секој камен. Сепак овој бизнис модел далеку повеќе им одговара на повремените играчи отколку на постојаните. Затоа не е изненадувачки што најголем број од постојаните играчи не го подржуваат овој начин на плаќање. Ако во текот на повеќе од 30 години токму овие играчи се заслужни за растот на компаниите од програмери од гаражи до супер луксузни канцеларии.

„На постојаните играчи ова нема да им се допадне. Ќе застанат и ќе бранат нешто што веруваат дека помогнале да се изгради-со право. Но видовме со Wii кој успеа да ги крене мајките од кауч за Wii Sports, друштвената компонента на Rock Band и Guitar Hero допринесоа гејмингот да престане да биде ексклузивно право на тинејџерите, сега сите се гејмери… ако можете да ги користите прстите тогаш сте гејмер. Затоа ова мора да биде патот по кој ќе одиме.“

Непотребно е да се истакне дека на гејмерите не им се допадна последната изјава на г. Мур и ги обновија барањата за бојкот на ЕА игрите. За среќа голем број од инди-дизајнерите добиваат подршка од играчита, а секако присутни се и Kickstarter проектите кој можат да помогнат да продолжат да излегуваат квалитетни игри иако не ја надминуваат границата на 10 милиони копии и поради ова издавачите ги оценуваат како непогодни за инвестирање.

1 коментар на “Микротрансакциите ќе бидат присутни во секоја игра, вели EA

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии