Middle-earth: Shadow of War кракната за само еден ден

Ние сме против пиратерија, но и против имплементирање анти-кориснички стратегии. Ставање DRM заштити кои првенствено ги ограничуваат правата на легалните гејмери не е ефикасна стратегија, нешто што дигиталната продавница GOG.com го докажува со секој поминат ден.

DRM заштитата Denuvo знаеше значително да им го наруши психичкото здравје на пиратите, особено на почетокот, кога игрите со оваа заштита не можеа соодветно да бидат кракнати со месеци. Крајот на таквото нешто се чини дека е исклучително близу. Тotal War: Warhammer 2 беше кракната само за еден ден, а иста е ситуацијата и со штотуку излезената Middle-earth: Shadow of War.

Со оглед на тоа дека Middle-earth: Shadow of War се одликува со кампања за еден играч во која има микро-трансакции, интересна е реакцијата на повеќето гејмерите кои се исклучително среќни што алчноста на издавачот барем од една страна има доживеано финансиски удар.

Во меѓувреме, играта ужива 83% позитивни рецензии на Steam.

1 коментар на “Middle-earth: Shadow of War кракната за само еден ден

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии