Middle-earth: Shadow of War ќе има микро-трансакции

Middle-earth: Shadow of Mordor беше една од оние игри кои неочекувано се прикрадоа во срцата на гејмерите и инстантно ги импресионираа со комплексната изведба на гејмплејот и напнатата приказна. Со најавувањето на Middle-earth: Shadow of War, тимот успеа да нè изненади и по вторпат. Микро-трансакции во продолжетокот, меѓутоа, се изненадување во сосема спротивен правец.

Според најновото известување, гејмерите ќе можат да трошат вистински пари за да купуваат ковчези со плен, војни ковчези или пак засилувачи за собирање искуство. Авторите сакаат да потврдат дека, иако ќе може овој плен да се заработи на нормален начин, односно со играње на играта, сепак сакаат да ја понудат погодноста која доаѓа од инстантно купување работи преку вградената продавница.

„Важен дел од Nemesis системот е создавање, прилагодување и водење ваша сопствена армија од уникатни следбеници“, вели официјалната изјава. „Постојат неколку начин за остварување на таквата цел, не исклучувајќи го (системот за) доминација на Орците преку истражување на огромниот отворен свет или пак преку купување Орци и други предмети од пазарот (интерната продавница).

Во ковчезите со плен ќе најдете опрема од најразличен квалитет, односно реткост, но и XP bost-ови. Воените ковчези, пак, ќе ве наградат со нови следбеници од, погодувате, најразличен квалитет, но и таканаречени наредби за тренирање, со кои ќе можете да го менувате изгледот на Орците кои се под ваша команда.

За какво било купување, имате на располагање две валута и тоа: Mirian и Gold. Златото е валутата со која можете да бидете наградени во играта, но и да купите неограничено количество со вистински пари. Според авторите, ниедна содржина во играта нема да биде заклучена со оваа валута.

Иако воведување микро-трансакции не се новитет, сепак не би требало да се охрабрува затоа што не само што го загрозува севкупното искуство туку и охрабрува имплементација на истата пракса во што повеќе идни ААА игри. Точно е дека никој никого не обврзува, но има нешто погрешно во помислата да правите дополнителни трошоци во игра за која веќе сте се потрошиле 60 евра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии