Microsoft Word, Wikipedia и Hearthstone меѓу најдобрите Аndroid апликации за 2015, според Google

Microsoft Word, Wikipedia, Z Camera, Google Photos се дел од апликациите кои се прогласени за најдобри во изминатата година. Ваквите избори се карактеристични за крајот на годината, и како и самите да го означуваат наближувањето на празниците.

Листата на апликации зависи од локацијата, иако дел од апликациите се повторуваат во повеќе региони. Поради ова листата која ќе ја видите најверојатно се разликува од листа која ја презентира aмериканскиот блог BGR. Google Photos и Google Translate се апликациите на Google на оваа листа, Skype и Microsoft Word се дел од апликациите за продуктивност, а Truecaller и Nova Launcher и Djay Free се дополнување на листата.

Заедно со апликациите презентирана е листата на најдобри Android игри за 2015 година. Hearthstone Heroes, Minecraft Story Mode, Fallout Shelter, Agar.io и AngryBirds се дел од игрите што им се приклучија на апликациите.

Интересно, иако за апликациите не можевме да видиме категории, за видеоигрите може да видиме повеќе категории: casual, спортски и тркачки симулации, акција и авантура и слично. Дополнително може да се забележи и дека сите апликации на листата се бесплатни или freemium, иако ова може да зависи од локалниот пазар или сепак ситуацијата се пресликува од целиот свет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии