Microsoft Visual Studio со Cordova ќе дозволи креирање на Android и iOS апликации

Microsoft објави на TechEd конференцијата која се одржува во Хјустон дека својата развојна алатка Visual Studio ќе ја направи повеќе-платформска.

Користењето преку различни платформи е овозможено од Apache Cordova алатката која дозволува креирање на iOS, Android, Blackberry, Windows Phone, WebOS апликации, но и апликации за сите останати оперативни системи со помош на HTML, CSS и JavaScript. Освен ова Apache Cordova доаѓа со API за уредите кои овозможуваат да се користат native-функции на уредите, на пример: пристап до камерата или брзинометарот со JavaScript.

Со Apache Cordova доаѓа Cordova device емулатор и Android емулатор, интегрирани во Visual Studio. Освен JavaScript девелоперите можат да користат и TypeScript. Заедно со оваа најава компанијата ја најави втората надградба на Visual Studio. Надградбата вклучува поддршка за .NET Native Code, TypeScript 1.0 и Universal Projects, кој ќе овозможи истовремен развој на Windows Phone и десктоп апликации, а подоцна ќе биде достапна и Xbox поддршка.

Од ноември Microsoft соработува со Xamarin за на C# и Visual Studio девелоперите да им овозможи развој на други платформи. Сега со интеграцијата на Cordova девелоперите ќе можат да креираат хибридни апликации, вели TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии