Microsoft вети дека нема да се меша во работата на LinkedIn

Дваесет и шест милијарди долари се навистина многу пари, и според дел од коментарите на интернет со тие средства Microsoft можел да си купи и „поубава“ социјална мрежа, пример Pinterest. Но, Microsofot точно знаеше што добива со LinkedIn, кој доаѓа со Lynda.com, Pulse, SlideShare, а тука се и 433-те милиони корисници.

„Ние имаме заедничка мисија, фокусирана на луѓето и организациите. Заедно со растот на нашиот Office 365 и Microsoft Dynamics, оваа зделка ја покажува нашата амбиција – да ја промениме продуктивноста и бизнисот. Размислете како се пронаоѓа работа, како се учат вештини, како се продава, огласува. Успехот зависи од поврзувања со професионалците“, вели директорот на Microsoft, Сатја Надела, во писмото во кое ја објаснува својата прва голема аквизиција откако е на чело на Microsoft.

На Microsoft му е најпотребен пристап до 433 милиони професионалци и таканречен „social graph“. Досега компанијата мораше да ги користи податоците од Google и Facebook, на кои можеби и не можеа премногу да влијаат, но овие компании се различни од Microsoft. Компанијата сака поинаку да се поврзе со бизнис заедниците и компаниите, а LinkedIn ќе им го овозможи тој пристап.

Она што изгледа веројатно е дека Microsoft ќе го направи LinkedIn центар за повеќе апликации околу кои ќе „гравитираат“ останатите сервиси како: Outlook, Skype, Office, па можеби и Windows. Доколку Microsoft го користи LinkedIn како социјална мрежа преку која ќе може корисникот да се логира на останатите сервиси, LinkedIn наскоро би можел да стане многу попопуларен. Со оглед на тоа дека само Office има 1,2 милијарди корисници, ваква интеграција би им била од помош на Microsoft, но и на LinkedIn.

Што се однесува до LinkedIn тие ќе продолжат да оперираат независно, иако ќе бидат дел од  „Microsoft productivity and business processes“. Досегашниот директор на мрежата, Џеф Винер, останува на оваа позиција. Сепак и покрај сличните ветувања кои ги дадоа од Microsoft за Yammer и Skype, двете компании „се интегрирани до смрт“, вели извор на Microsoft за Recode,

2 коментари на “Microsoft вети дека нема да се меша во работата на LinkedIn

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии