Мicrosoft вели дека хибридот Surface Book е подобар од MacBook Pro

Најголемото изненадување меѓу новите уреди на Microsoft е нов хибриден компјутер, кој воопшто и не беше споменуван пред презентацијата. Сепак уште поголемо изненадување се насловите на медиумите кои го фалат уредот како „најдобриот хибриден лаптоп“ или „MacBook Pro убиец“. Microsoft вели дека станува збор за најбрзиот 13-инчен лаптоп досега. Иако
повторно станува збор за хибрид, а не за класичен лаптоп, сепак хардверот и перформансите, а и димензиите се речиси нереални. Surface Book, доаѓа со 13,5-инчен 267-ppi дисплеј, ексклузивна верзија на компјутерот доаѓа со 1ТВ слободен простор, 16 GB RAM меморија, а основната е со скромни 128 GB слободен простор и 8GB RAM. Според Microsoft уредот е дури двапати побрз од MacBook Pro.

Во мод на таблет, уредот разбирливо има послаби перформанси бидејќи процесорот е во делот со екранот, но графичката картичка е сместена во тастатурата. Батериите се сместени и во едниот и во другиот дел, а кога е полна батеријата, лаптопот може да издржи до 12 часа без полнење. Цените на Surface Book започуваат од 1.500 долари, а најскапите модели се до 3.000 долари. Претпродажбата започнува на 6 октомври, а испораката е на 26 октомври.

2 коментари на “Мicrosoft вели дека хибридот Surface Book е подобар од MacBook Pro

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии