Microsoft тестира нов интернет пребарувач

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Портпаролот на Microsoft во понеделникот изјави дека компанијата работи на тестирање на нова верзија на нивниот онлајн пребарувач Live Search, позната под името Kumo, што претставува обид на Microsoft да фати чекор со конкурентите Google и Yahoo!. Новиот сервис беше објавен преку интерна порака испратена од Садтја Нaдела, раководителот на одделот за онлајн сервиси во Microsoft.

"Kumo.com постои само во мрежата на компанијата, и со цел да се приберат доволно повратни информации, интерно ќе го пренасочиме сообраќајот од Live.com на новиот тест сајт во наредните денови. Kumo е кодното име што го одбравме за интерно тестирање." пишува во пораката која прв пат јавно беше објавена на All Things Digital, блог за технологија на The Wall Street Journal.

Г-дин. Надела смета дека Microsoft може да создаде подобар интернет пребарувач дури и од оние што се моментално достапни. "Веруваме дека можеме да создадеме подобаро и покорисно корисничко искуство во пребарувањето, кое ќе ви помогне не само да пребарувате, туку и да извршувате задачи," се вели во пораката на Надела. "Истражувачкиот панел со резултатите од пребарувањето кој се наоѓа на левата страна, ќе ви овозможи пристап до алатки кои ќе ви помогнат во врска со извршувањето на вашите задачи."

Минатата година, Microsoft имаше неуспешен обид да го купи Yahoo! за сума од 47.5 милјарди долари. Но и покрај тоа и двете компании оставија отворена можност за договор или партнерство кое би го вклучувало само бизнисот со интернет пребарувачот на Yahoo!.

{mosimage}

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии