Microsoft, Sony и Walt Disney инвестираат во руски стартап кој блокира трансфер на пиратерија

Pirate Pаy е алатка од руски стартап кој се претставува како битторент корисник, но наместо да ја сподели пиратеријата, ги збунува P2P мрежите и го прекинува трансферот. Оваа алатка им се допадна на Walt Disney Studios, Sony Pictures и Microsoft кои инвестираат во неа.

Иако забавната индустрија успева да се спротистави на големите пиратски сајтови, пример Pirate Bay и Megaupload, сепак тоа е залудно бидејќи пиратеријата едноставно се префрла на друг сервиси и сајтови. Но, тоа што е заедничко за сите пирати е што го користат битторент протоколот за да преземат и споделат содржина.

Pirate Pay започна како сервис за менаџмент на сообраќај за интернет провајдерите, но, како што пишува Torrent Freak, технологијата успеала да спречи битторент сообраќај што ги мотивирало програмерите да се посветат на тој аспект од сервисот кој сигурно ќе им донесе богатство. Рускиот стартап, кој наплаќа од 12.000 до 50.000 долари за услугите, не сака да откријат како работи сервисот, но се знае дека се претставува како легитимен корисниик и ги спамира клиентите со лажни информации. До сега се прекинати 44,845 трансфери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии