Microsoft со Xbox Music ќе понуди бесплатно слушање музика на Windows 8 уреди

Xbox Music е нов сервис за стримање на музика на Microsoft кој ќе биде достапен на XBox и сите Windows 8 и Windows Phone таблет компјутери и паметни телефони. Со овој сервис Microsoft ќе стане сериозен конкурент на Apple iTunes, Google Play, но и на Spotify, Rdio, GrooveShark и Pandora кои станаа неверојатно популарни бидејќи нудат бесплатно слушање на омилените песни и слушање радио станици по вкус на корисниците преку различни уреди.

Microsoft има договор со големите издавачи и бројни независни, за да понуди избор од околу 30 милиони песни (не сите песни се достапни, лиценците зависат од секоја држава). Oвој каталог е поголем од Apple iTunes кој има 26 милиони песни, и ќе биде еден од адутите на Microsoft да стане конкурентен. Во моментов iTunes има и 64 отсто од дигиталната продажба на музика, а Google Play само 5 отсто, според истражување на NPD Group.

XBox Мusic ќе ја има истата функционалност како останатите музички сервиси. Корисниците ќе може да слушаат музика бесплатно на сите свои Windows уреди, а доколку сакаат да нема реклами ќе може да платат околу 10 долари месечно за премиум услуга. Ќе има и продавница за купување и симнување на песните. Тие песни ќе можат да се пребаруваат според музичарите, или според сличните жанрови. Корисниците ќе можат да си креираат свои плејлисти или да добиваат препораки од Smart DJ опцијата. Сите плејлисти ќе може да се стримаат од различни уреди кои ги поседува логираниот корисник.

Xbox Music ќе го замени Zune на Xbox на 16 октомври, а ќе се појави на Windows 8 по официјалното објавување на 26-ти октомври. Подоцна ќе се појави и на Windows Phone телефоните. Но, во моментов не се знае дали услугата ќе биде достапна и во Македонија. Бесплатниот сервис ќе биде достапен во 15 земји, а ќе може да се плаќа во 22 земји.

[youtube]07wM1-lIsrM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии