Microsoft со Gmail Man го исмејува Google во реклама за Office 365

На YouTube се појави видео од Мicrosoft реклама со Gmail man ликот во која се исмејува го Google што ги чита имејл пораките на корисниците со цел да таргетира реклами, односно дека на Google не му е гајле за приватноста се додека испорачува потаргетирани реклами. Според ZDNet, рекламата е оригинална од Microsoft и прв пат е пуштена минатиот месец пред гостите на Microsoft Global Exchange конференцијата. Поентата на Microsoft во рекламата е корисниците да се префрлат на Office 365.

Во видеото Gmail man, од сервисот Gmail и mailman (анг. поштар), е малку кретенски лик кому не му е гајле што на луѓето не им се допаѓа што им ги чита мејловите бидејќи „се е бизнис“ и тоа е потребно да се прикаже потаргетирана реклама, иако во еден момент се прикажува сцена каде Gmail man погрешно ги протолкувал клучните зборови во имејлот и доставува погрешна реклама. Видеото е пародија на како Gmail би функционирал во физичкиот свет.

Google призна дека ги скенира имејловите преку својот рекламен систем за да најде клучни зборови, го анализира контекстот на кој се составени зборовите со цел да испорача потаргетирани реклами. Колку и да звучи параноично, сепак и Microsoft и куп други компании ја искористуваат популарноста на бесплатните сервери за да таргетираат реклами. Но, контекстот на Offce 365, кој е сет на веб алакти наменети за бизнис кои се плаќаат, Google вели дека во бизнис верзијата на Аpps нема реклами, освен ако администраторите не сакаат да ги вклучат.

Пред неколку дена Google исто така стартуваше своја кампања за oхрабрување на корисниците да ги повикаат пријателите да се отарасат од „засрамувачките застарени сервиси“ и да прејдат на Gmail. И нивната кампања е со не-толку-забавна-и-смешна реклама како и таа со Gmail man.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии