Microsoft SkyDrive доби подобар преглед на фотографии во Windows 8 и зголемен лимит на фајлови

IT.mk редакција

во Совети

Веб складиштето на Microsoft, SkyDrive, доби ново подобро споделување на фотографии, со можност корисниците да ги прегледаат галериите од било кој уред преку апликацијата за фотографии на Windows 8. Тест верзијата на овој нов оперативен систем ќе се појави во првата недела на јуни.

Дополнително Мicrosoft го зголеми лимитот на можни синхронизирани фајлови преку сервисот од 150.000 на 10 милиони. SkyDrive за OS X Lion веќе нема да се појавува на таскбарот додека работи, функционалност која очигледно не им се допадна на Mac корисниците. Сите овие новини ќе бидат достапни по автоматската надоградба на веб складиштето на Windows и Mac.

Verge пишува дека SkyDrive наскоро ќе добие и Android апликација, подобра iPad апликација и ќе има опција налик Recycle Bin за бекап на фајловите. Оваа нова верзија ќе се појави при крај на јули.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии