Microsoft сега прави уште повеќе пари од Android

Microsoft стапи во договор за откупување на патенти и лиценци со тајванскиот производител на електроника Pegatron кој работи со Android и Chrome OS уреди.

Детали од зделката не се објавени, но се знае дека Pegatron ќе му плаќа на Microsoft да користи технологии кои се користат во е-читачи, паметни телефони и таблет компјутери кои работат на Chrome и Android. Ова значи дека Microsoft ќе прави уште повеќе пари од Android, многу повеќе отколку од Windows Phone, барем во моментов.

„Со овој договор, Microsoft ги има лиценцирано четири од топ петте тајвански производители на делови за уреди.“, вели Microsoft кој претходно има потпишано слични договори и со други гиганти како Samsung, HTC, Suanta и LG.

Microsoft вели дека скоро 70 отсто од Android телефоните кои се продаваат во САД се изработени под лиценци од Microsoft кој прави стотици милиони долари годишно. Од другата странa, Google кој е сопственик на Android не прави пари од платформата, туку од рекламите на неа.

1 коментар на “Microsoft сега прави уште повеќе пари од Android

  1. "таблет компјутери кои работатA на Chrome и Android"

    Не ви иде памет да читате по двапати, и не ви иде…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии