Microsoft сега е похрабар и поиновативен од Apple

Image courtesy of Microsoft

По две конференции и презентации во два дена; претставување на повеќе или помалку слични, ако не и исти производи; се чини дека Microsoft сега ги надмина Apple, барем кога компјутерите се во прашање.

Без сомневање разликата најдобро се гледа на контролерот. Touch Bar и Surface Dial секако се надградба врз стандардните контролери, но контролерот на Microsoft е похрабар, а изгледа и како покорисно решение. За разлика од Dial, кој иако изгледа на нешто што во иднина ќе треба да се прифати, тачбарот на Apple наликува на додаток на кој местото му е на концепт гејминг лаптоп и додаток кој ќе направи сериозни проблеми на дивелоперите, барем дур да го навикнат.

surfacedial_10_imagepanel_v1

Тачбар кој доаѓа на новите верзии на MacBook Pro e замена за функциските копчиња. Без сомневање е многу покорисен од копчињата кои ги менува. Сепак не баш онолку колку што Apple се обидува да нѐ убеди. Дел од презентациите се фокусираа на времето кое се заштедува, но секој кој подолго го користи софтверот или барем ги знае придобивките од кратенките (shortcuts) нема да почувствува клучна разлика.

image-1171

Уредот на Microsoft доаѓа со малку поголеми можности. Дел од овие можности се поради екранот на допир. Microsoft неколку генерации на уреди инсистира на ваков екран, a Apple сè уште е далеку од вклучување на екран на некој од своите уреди. Сепак најголемиот недостаток на Surface Dial е неможноста да се користи подеднакво со сите уреди. Dial работи со сите Surface уреди, но барем засега не подеднакво. Surface Studio e главниот уред за кој е наменет Dial. Сè-во-еден, дел таблет, дел десктоп и 28 инчен-екран е најверојатно најпродуктивната алатка која им е достапна на дизајнерите.

Сепак има и разлики во начинот на кој двата уреди ќе се користат. Тачбар е наменет за користење со тачпадот; Dial е наменет за користење со екрани на допир, со пенкало или прсти во едната и Dial во другата рака. Ако ништо друго за презентирањето на потполно нов контролер е потребно повеќе храброст.

Една од основните разлики е цената. Вообичаено фановите на Apple и на Surface не се навикнати на евтини уреди. Она што е јасно е дека нема да почнат да се навикнуваат наскоро, Studio почнува од 3.000 US долари, а 15-инчниот MacBook Pro ќе има цена од 2.400 US долари. Дури и со оваа разлика во цените Surface Studio изгледа на далеку поиновативен и похрабар уред.

1 коментар на “Microsoft сега е похрабар и поиновативен од Apple

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии