Microsoft се здружи со Dropbox за да префрлате фајлови директно од Office

Microsoft и Dropbox најавија соработка која на корисниците на Office ќе им донесе можност да отвараат и едитираат фајлови директно од веб складиштето. Корисниците на Dropbox пак ќе добијат можност да отворат Word и Excel документи преку неговите мобилни апликации.

Тоа што е чудно во партнерството е што Microsoft има свој ривал на Dropbox. ОneDrive е исто така веб складиште во кое можат да се чуваат фајлови, и кое е интегрирано со Office 365, односно веб верзијата на популарниот Office. Но, за корисниците можеби ќе биде сеедно на кое веб складиште ги чуваат документите – иако Dropbox е попопуларен со над 200 милиони корисници – бидејќи со складиштата добиваат одлични функционалности за соработка во Office. Тоа што е добро за Microsoft е што со помош на Dropbox може да стане посериозна конкуренција на Google Docs и Zoho. За Dropbox пак е одлично што додава популарен бизнис софтвер кој ќе им го зголеми бројот на компании кои плаќаат за услугата, а веќе се над 80.000.

Според најавите, Dropbox ќе ги зачувува автоматски сите промени на документите направени во Office 365 платформата, и ќе има опција да се поканат други да го едитираат документот. Исто така Dropbox ќе биде достапен на Windows Phone, иако синхронизацијата на документите во Office 365 ќе биде можна само преку Android и iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии