Microsoft се збогува со физичките продавници

Минатата недела Microsoft објави дека компанијата ги затвора физичките продавници. Веста доаѓа откако компанијата поради пандемијата веќе ги имаше затворено продавниците неколку месеци, но конечната одлука е дека овие продавници и официјално заминуваат во историја. Во блогот со наслов „нов пристап кон продажбата“ компанијата ги објаснува идните чекори во овој сектор.

Компанијата се фокусира на дигиталните продавници и дигиталната продажба. Microsoft преку Windows и Xbox продавниците веќе има пристап до 1,2 милијарди корисници онлајн.

Отворени остануваат само четири локации, но и тие нема да работат како досега. Тимовите од Лондон, Њујорк, Сиднеј и Редмонд ќе останат отворени, но ќе функционираат поинаку. Потенцијалните купувачи ќе можат да влезат да ги погледнат и да ги тестираат производите на Microsoft, но не и да ги купат од продавницата.

Откако кон крајот на март поради пандемијата на Ковид-19 ги затворивме сите Microsoft Store продавници, нашиот тим за продажба тим им помага на малите бизниси и клиентите за едукација во процесот на дигитална трансформација; виртуелно обучивме стотици илјади клиенти од ентерпрајз и образовниот сектор за работа на далечина и софтвер за учење; и им помагаа на клиентите со повици за поддршка. Тимот ја поддржа заедницата со повеќе од 14000 онлајн работилници и летни кампови и повеќе од 3000 виртуелни доделувања на дипломи, вели Microsoft на својот блог.

Microsoft ја отвори првата продавница во 1999 во Сан Франциско.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии