Microsoft се подготвува да каже збогум на Encarta

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage}На 31 Октомври, 2009 година Microsoft ќе ја откаже целосно својата енциклопедија Encarta, од причина што сервисот неможе да се натпреварува со Wikipedia, онлајн енциклопедија создавана од самите посетители. Според пазарниот удел во јануари, определен според пребарувањето на зборот "онлајн енцикопедија" на интернет корисниците од САД, Wikipedia владее со 97%, додека Encarta има само 1.27 отсто.

За разлика од Wikipedia, на Encarta и недостасува онаа "поддршка од народот" и е пишувана од платени автори и истражувачи. Главниот недостаток на Encarta е тоа што во многу случаи содржи застарени содржини кои треба да поминат низ комплексен процес за да се обноват, додека на Wikipedia статиите се објавуваат паралелно со случувањата, односно корисниците по многу краток период ги надополнуваат новините чија точност е потврдена од други корисници или одбрани уредници.

{mosimage}

До крајот на годината целосно ќе бидат отстранети веб сервисите на Encarta, додека до јуни софтверските пакети ќе бидат повлечени од продавниците. Интересно е тоа што Microsoft во објаснувањето воопшто и не ја спомнува Wikipedia, туку наведува дека:

"Категоријата на традиционални енциклопедии и истражувачки материјали се има изменето. Луѓето денеска бараат и конзумираат информации на подруги начини отколку во минатите години. За да ја оствари целта Microsoft да достаува ефективни и интерактивни ресурси за денешните корисници, компанијата донесе одлука да го прекине бизнисот со Encarta."

Матиас Сшиндлер од Wikipedia веднаш по оваа одлука на Microsoft испрати порака во која бара од компанијата да ги предаде на онлајн енциклопедијата сите материјали кои не планира да ги користи. Навистина би било корисно за сите доколку Microsoft ги објави сите материјали (чии права најчесто се купени) во јавниот домен, или барем под некоја лиценца како Creative Commons.

Encarta за прв пат беше објавена на ЦД во 1993 година, а според бројките во 2008 година, премиум верзијата на оваа енциклопедија содржи повеќе од 62.000 статии збогатени со огромен број на фотографии, илустрации, видео и аудио клипови, мапи и атласи и сл.

Btw: Статијата за Encarta на Wikipedia веќе е обновена со веста дека до крајот на годината енциклопедијата веќе нема да постои. :-)

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии