Microsoft сакал да ја купи Nokia, но се „исплашил“

Според информациите кои излегуваат во јавност за малку наместо Nokia Windows Phone телефони сме можеле да добиеме и Microsoft паметни телефони. Microsoft размислувал за аквизиција на Nokia уште пред соработката на Windows Phone 7 телефоните. Ова било можно поради опаѓање на вредноста на Nokia која го губи чекорот со останатите производители на паметни телефони, иако во минатото нивните телефони со години беа најценетите на пазарот.

Според Register, Microsoft се „исплашил“ и се откажал од купувањето откако го разгледате финансиското работење на Nokia. По ова аналитичарите се согласни дека единствена причина поради која гигантот од Сиетл би ја откупил Nokia во тоа време би била единствено да ја задржи надвор од рацете на конкурентите. Со оглед на тоа дека во тоа време Nokia се противеле на ваквиот потег, а моментално нивните акции котираат прилично лошо се чини дека Microsoft направиле вистински избор.

Моментално Microsoft би требале да се посветат на подигање на квалитетот на Windows Phone телефоните и таблет компјутери на Windows 8. Со ова тие и реално би станале трета опција покрај Android и iOS. Еден од одговорите кои ќе мора да ги дознаеме пред шпекулациите е како ќе котираат новите Windows 8 таблет компјутери. Сепак Microsoft покажуваат огромна стрпливост кога станува збор за нови проекти. Одличен пример е и Xbox од кој со трпеа големи загуби, но тоа сега не е случај и конзолите се изедначени на пазарот.

Можеби најдобро сценарио за финците е откупување од Microsoft и независност каква што имаат Xbox. Но ова и не е така светла варијанта бидејќи Microsoft се спремни да почекаат и банкрот на Nokia. Спојувањето на двете компании сепак може да биде забрзано од гласините дека можеби Samsung ќе се обиде да ја откупи Nokia. Засега Samsung ги негира шпекулациите дека се заинтересирани за ваков потег.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии