Microsoft развива програмски јазик за квантните компјутери

во Свет

Microsoft работи на нов програмски јазик наменет за квантните компјутери.

Квантните компјутери функционираат поинаку од традиционалните компјутери. За разлика од традиционалните компјутери каде информацијата може да биде 0 или 1, кај квантните комјутери има уште една вредност суперпозиција на 0 и 1.

Засега програмирањето за квантни компјутери баш и не е работа за софтверски инженери. Креирањето дури и на куси линии код е поблиску до инженер за електроника, отколку до програмер, вели Ars Technica.

Компанијата развива „full stack“ програмски јазик за развој на апликации за квантните компјутери. Јазикот е интегриран во Visual Studio и ги зема клучните концепти од C#, F#, Python и други јазици. Microsoft заедно со ова издава и можност за дебагирање. За ова се достапни две верзии на квантни симулатори. Едната функционора локално, а другата во Azure облакот.

Локалната верзија овозможува операции до 32 кубити. Но, за ова е потребен моќен компјутер. Azure верзијата ќе складира до 40 кубити.

Секако симулаторите се креирани единствено за тестови на програмскиот јазик. По појавата на комерцијални квантни компјутери, сите операции ќе продолжат на квантните компјутери.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments