Microsoft сака Android апликации да се користат на Windows Phone

Microsoft размислува да направи радикален потег во промоција на својата Windows Phone платформа. Бидејќи Microsoft не може да привлече популарни апликации на својата платформа, а со апликациите доаѓаат и корисниците, компанијата планира да дозволи Android апликации да се користата на Windows Phone, пишува Verge повикувајќи се на извори блиски до Microsoft.

Планот е во рана фаза, пишува блогот, но на некои во Microsoft им се допаѓа идејата да се закачат Android апликации на Windows и Windows Phone продавниците. Како што пишува ExtremeTech, софтверските алатки во Windows Phone 8.1 веќе дозволуваат универзални апликации од други платформи. Но, според други вработени во Microsoft, ова може да ја убие платформата бидејќи ќе и го одземе идентитетот. Развивачите нема да креираат Metro апликации, а нема ниту една добра причина зошто би користеле Windows телефон со Android апликации, кога платформата на Google ви нуди оригинално искуство. BlackBerry први го направија експериментот со дозволување на Android апликации на својата платформа кој за жал на кандскиот производител заврши неуспешно. Конечната одлука сепак ќе биде оставена на новиот директор на Microsoft, Сатја Надела.

Microsoft ќе сака само да овозможи Android апликации на Windows Phone, и да ја контролира продавницата од каде ќе се симнуваат, но не и да ја поддржува дополнителната платформа; за тоа ќе се грижи некој друг партнер, вели Verge. Тој партнер може да биде BlueStacks, под притисок на Intel, кои веќе овозможува да се користата Android апликации на Windows. Планот на Microsoft ќе биде одобрен само ако се најде едноставно решение за користење на Android апликации на Windows, но и ако се најде решение како тие апликации да ги искористат интегрираните сервиси на Microsoft во мобилната платформа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии