Microsoft работи на нова функционалност за развивачите, Live Share за Visual Studio

Visual Studio Live Share е нова функционалност на Visual Studio 2017 која на развивачите ќе им овозможи соработка во реално време.

Live Share ќе овозможи тимови да работат на ист код. Предноста од досегашниот модел е што промените се регистрираат тековно и не е потребна синхронизација на кодот. Дополнително, нема потреба ниту од конфигурирање на истите алатки или околина, објасни Microsoft на својот блог.

Кога ќе започнете заедничка сесија, учесниците може да го видат контекстот на околината во својот едитор. Ова значи дека ќе можат да го прочитаат кодот без да треба да го клонираат, или да инсталираат различни зависности (dependencies) потребни за кодот.

Учесниците во проектот можат да го променат кодот, а при ова ги имаат истите можности како и корисникот кој го споделил кодот. Додека еден корисник работи на еден дел од кодот друг може да работи на друг дел.

Чекор понатаму, функционалноста овозможува и различни паузи „breakpoint“ за дебагирањето на кодот.

Сите кои се заинтересирани можат да ги следат промените на vsliveshare.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии