Microsoft работи на нов прелистувач базиран на Chromium

Дејан Соколоски

во Веб, Вести

Microsoft не се предава, компанијата се подготвува да го пензионира Edge и да креира нов прелистувач базиран на Chromium. Новиот прелистувач е со работно име Project Anaheim, и ќе биде основен прелистувач на Windows 10. Компанијата е подготвена наскоро и да го претстави прелистувачот кој веќе е дел од интерни тестови, јави Windows Central.

Прелистувачот постои едвај неколку години, но се чини дека не се задоволни од прифаќањето. Edge секако е надградба над Internet Explorer, но Google Chrome, Safari и Firefox веќе имаат освоено најголем дел од пазарот, а пронаоѓање на простор на пазарот е исклучително тешко.

Microsoft задно со Google работи на поддршка за верзија на Google Chrome за Windows уреди кои доаѓаат со ARM процесори.

Chrome е најпопуларен прелистувач и најголем дел од веб апликациите се веднаш достапни. Главна причина за ова е што Google веднаш ги прифаќа новите технологии, што не е и изненадување со оглед на тоа дека најголем дел од технологиите се изработени токму од инженерите на Google. Енџинот на Edge доцни зад Chrome и пензионирањето на Edge ќе биде само потврда за ова.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии