Microsoft работи на Azure платформа за гејминг преку облакот

Еден од визионерите во Microsoft, Брајан Принц на конференцијата за гејминг дизајнери одржана во Кина ги сподели своите идеи и мислења за иднината и сегашноста на Cloud-гејмингот.

Според потрешените пари од 2,5 милијарди долари кој Microsoft ги инвестирал во шестте сервери кој ќе го опслужуваат Azure облакот, и милијардите кои се потрошени на развој очигледно е дека и според нив иднината на софтверот е во „облакот“.

Најголем проблем за целосно имплементирање на облак сервисот во гејмингот е тоа што квалитетните игри ќе бараат и квалитетен пристап до интернет. Во развиените земји ова и не претставува преголем проблем барем во градовите, но останува проблем во деловите со понеквалитетен интернет. Со оглед на тоа дека издавањето на игри најчесто е на светско ниво ова во сегашно време е огромен проблем.

Според г. Принц во моментов гејминг облакот претставува само издавач, но и покрај ова остaнува убеден дека ова е насоката во која ќе се движи издавањето игри во иднина. Тој го претстави и Azure SDK кој помеѓу другото ќе овозможи на дизајнерите едноставно да се зачувуваат состојби во играњето (save game) на кои подоцна ќе можат да им пристапат од различни платформи: од iOS до конзоли па се до прелистувачи. Начинот на плаќање на серверите е проблематичен со оглед на тоа дека се плаќа времето на серверот а не извршените пресметки кои и се услугата која ја добивате. За крај се откри дека веќе се работи на Xbox платформата за услуги кои ќе бидат ексклузивни за Azure облакот.

Моментално два сервиси нудат слични услуги Onlive и GaiKai. Со тоа што Onlive до скоро беа достапни единствено во Северна Америка. а GaiKai се достапни и во делови на Европа. GaiKai од друга страна единствено стримува демоа од игри а не целосни наслови.

Интересно е да се види како ова ќе се одрази на пиратеријата, и дали можеби ова ќе биде крај на пиратските игри.

[youtube]8dM4MEQ8jjw[/youtube]

[youtube]vIU2Pt7m5kk[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии