Microsoft: Продадени се 4 милиони примероци од Windows 8

Стив Балмер во својот воведен говор на Build конференцијата на Microsoft, која е наменета за програмерите кои работат на решенија на овој софтверски гигант, објави дека до сега се продадени околу четири милиони примероци од Windows 8. Тоа се четири милиони примероци во нешто помалку од недела дена од претставувањето на новиот оперативен систем.

„Секако дека сум воодушевен – возбуден сум исто како и со секој историски момент на нашата компанија – бидејќи повторно го измисливме Windows и преоѓаме во мобилниот свет.“, вели директорот на Microsoft.

Балмер нагласи и дека во светот бројката на Windows 7 корисници изнесува околу 670 милиони, а сите се потенцијални Windows 8 корисниците, бидејќи може да направат надоградба на „осумката“ по доста поволна цена (39,99 долари). Но, ова нормално важи дамо доколку имате легален Windows 7.

Што се однесува до правните корисници, иако се ширеа гласини дека е слаба заинтересираноста за новиот Windows, г. Балмер тврди дека Microsoft има продадено околу 10 милиони лиценци и правните корисници може да ги искористат кога ќе сакаат.

„Ќе продолжиме со уште маркетинг и подобри маркетинг кампањи за Windows 8, и за Surface. Ќе ја видите нашата најдобра работа, и нема да може да земете магазин, да отидете на интернет или да вклучите телевизор без да видите една наша реклама.“, најави г. Балмер.

1 коментар на “Microsoft: Продадени се 4 милиони примероци од Windows 8

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии