Microsoft објави дека продале над 2 милиони Xbox One конзоли во 18 дена по излегувањето. Ова значи дека во просек компанијата продава 111.111 конзоли дневно. Ова воедно е и рекордна продажба на конзолите за компанијата. Покрај ова сопствениците на конзолата веќе имаат поминато 83 милион часови играјќи, гледајќи телевизија или користејќи ги апликациите. Отклучени се над 39 милиони „достигнувања“, а севкупниот скор од сите изиграни игри е 595 милиони.
„Побарувачката е поголема од бројот на уреди кои можеме да ги доставиме во нашите 13 продавници/центри, а Xbox One се продава и во голем број продавници“, вели Јусуф Меди од Microsoft. „Произведуваме најбрзо што можеме да ја обновиме залихата пред новогодишните празници“, вели друг извор од компанијата.
PlayStation 4 најголемиот конкурент на Xbox One објави дека за две недели продадоа 2.1 милиони конзоли. Но, PlayStation 4 се продава во 32 држави, а Xbox One единствено во 13 држави. Интересно ќе биде да се види кој ќе излезе како победник во новогодишната продажба кога се очекува нова навала по конзолите.