Microsoft продаде 10 милиони Kinect уреди и постави Гинесов рекорд

Сто и педесет долари вредниот Kinect се продаде во 8 милиони примероци за само 60 дена, или по 133.333 уреди дневно, од пуштањето во продажба од 4 ноември 2010-та до 3-ти јануари 2011-та. Рекордот значи дека Kinect се продава побрзо од iPhone и iPad. Барем Microsoft да ги победи во нешто Apple во последниве години, нели? Всушност споредено со другите гејминг уреди кои се контролираат со тело, на Nintendo Wii му требаа 2 години да продаде 10 милиони примероци, додека Sony Playstation Move испорача 4.1 милиони единици во првите два месеца, без детали колку од нив се продадени.

Кinect e гејминг интерфејс за Xbox 360 конзолата кој со својот револуционерен концепт ги привлече хакерите и научниците да го модифицираат за најразновидни откачени идеи, од играње World of Warcraft заради медицина, до креирање вештачки светлечки топки и контролирање на роботи… Ваквите идеи дури го инспирираа Microsoft да го „отвори“ уредот, односно да најaви алатки за програмерите да можат да креираат најразновидни примени на Kinect.

(фотографијата е на Geek.com)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии