Microsoft прикажа 50 игри на нивната конференција – кои беа десетте најинтересни?

Скоро 50 игри беа прикажани на конференцијата на Microsoft, за време на овогодишниот Е3 настан. Во продолжение ви ги прикажуваме не само најинтересните 10, туку и сè останато што ги нападна големите екрани.

10. Battletoads се  враќа по цели 30 години

Сосема е во ред доколку не се сеќавате на Battletoads. Иако играта излезе дури во 1991 година, од одредена група сепак се памети како исклучително предизвикувачки beat-’em-up наслов. Римејкот ќе понуди коктел од жанрови во 2.5D графика и можности за локален ко-оп помеѓу тројца пријатели. На оригиналната игра работеше Rare, а на оваа Dlala Studios.

9. Halo Infinite полека, но сигурно доаѓа

За потребите на Halo Infinite, студиото 343 Industries користи нов Slipspace енџин кој, доколку може да му се верува на прикажаното демо, е повеќе од одличен.

8. Gears of War 5 доаѓа во 2019 година

Во Gears of War 5 ќе можете да играте сами или со пријател (онлајн или локално). Покрај оваа игра од Gears of War серијалот, тимови работат на уште две спин-оф игри. Funko Pop е симпатична игра за мобилен, а Gears Tactics црпе инспирација од XCOM.

7. Devil May Cry 5 потсетува на старата, добра забава

Ниро има пократка фризура, а и ја има изгубено неговата демонска рака. Низ адреналинските битки можете да сеете хаос со еден од три игриви ликови, секој со уникатни стилови. Devil May Cry 5 излегува на пролет 2019 година, за PC, PlayStation 4 и Xbox.

6. Metro: Exodus излегува на 22.февруари

Фановите на претходните две игри, ја добија ексклузивната можност да ѕирнат во значително поголемиот и покомплексниот постапокалиптичен свет.

5. Dying Light 2 вети многу поголем избор

Ако една работа беше критикувана во Dying Light тоа беше приказната. Двојката ветува дека ќе биде многу подобра, особено ако земете во предвид дека на неа работи Крис Авелон, еден од главните писатели кој претходно работеше за Obsidian Entertainment. Од она што го видовме, вашите одлучи значително го менуваат светот, не само во однесување на NPC ликовите туку и во дизајнот и атмосферата.

4. The Awesome Adventures of Captain Spirit е игра за младо момче со прекрасна имагинација.

Играта е од Life is Strange универзумот и раскажува приказна за момче чии приказни стануваат реалност. Captain Spirit е бесплатна за сите веќе од 26.јуни.

3. Тери Круз повторно гостува во новиот Crackdown 3 трејлер.

Трејлерот е пооткачен од кога и да е, а Тери прави одлична работа за да ве насмее со неговите инспиративни говори низ море од експлозии. Играта треба да излезе во февруари 2019 година.

2. Forza Horizon 4 ве носи во Британија

Не сме преголеми фанови во тркачки игри, но она што го видовме нè направи вистински верници и со нетрпение го очекуваме излегувањето на играта во 2.октомври.

1. Cyberpunk 2077 е многу пооткачен отколку што претпоставувавме

Неполни шест години чекавме да дознаеме нешто повеќе за Cyberpunk 2077 и она што го добивме е експлозивен коктел од дистопиански светла и цветање на аугументираната технологија.

Што друго видовме на конференцијата?

Пред да почнеме со останатите игри кои се прикажаа на конференцијата, вреди да се спомене и дека Microsoft отвори ново студио која се вика The Initiative. Покрај ова, гигантот од Редмонд се изјасни и дека купиле и четири инди студија. Undead Labs (State of Decay), Playground Games (Forza Horizon), Ninja Theory (Hellblade), како и Compulsion Games (We Happy Few).

Ori and the Will of the Wisps е исклучително убаво ремек дело кое треба да се појави во 2019 година.

Sekiro: Shadows Die Twice е игра со нинџи од тимот зад Dark Souls.

Fallout 76 е четири пати поголем од Fallout 4. Повеќе за ова во нашиот Bethesda извештај.

Kingdom Hearts 3 ќе пречекува гости од Frozen. Во ред е да сте збунети.

The Division 2 се сели во Вашингтон веќе од 15.март, 2019 година

Shadow of the Tomb Raider црпе инспирација од Рамбо и сите оние кои се чешлаат така. Излегува на 14.септември.

Session е нова игра за сите оние кои спијат со нивните скироли.

Cuphead добива експанзија со нови ликови и босови. Се вика The Delicious Last Course, а излегува во 2019 година

Jump Force е амбициозна игра која обединува бројни аниме боречки игри.

Just Cause 4 ќе донесе поубава графика, нови гејмплеј механики и торнада. Многу, многу торнада.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии