Мicrosoft претстави USB стик со Windows 8, наречен е Windows To Go

Microsoft претстави USB стик со кој ќе можете целиот Windows 8 да го носите со себе. Покрај нагодувањата и персонализацијата на стикот ќе овозможува користење на Windows 8 на компјутери кои имаат Windows 7 оперативен систем. Стикот е со големина 32 GB и во најавата е наречен „Windows To Go“.

USB-то ќе им биде од корист на Windows корисниците кои често го менуваат компјутерот. Голема предност е тоа што секој компјутер кој го користите ќе може да изгледа како домашниот PC. Освен ова, со новиот мобилен Windows нема да мора да се грижите дали некоја апликација ја има на компјутерот или не, а и сите документи ќе доаѓаат на стикот.

Овој новитет е насочен кон корисниците кои користат повеќе од еден компјутер, а можеби дел од работата завршуваат и дома. Носење на оперативниот систем заедно со поставувањата и сите апликации кои ги користите е интересна замисла. Ќе почекаме до октомври да видиме како ќе влијае стартувањето на оперативниот систем од USB на целокупните перформанси на Windows 8.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии