Microsoft претстави универзална тастатура за мобилни уреди

Microsoft продолжува да презентира хардвер. Овојпат не станува збор за специјализиран уред како Surface или Windows Phone телефоните, туку за универзална тастатура за сите за мобилни уреди. Universal Foldable Keyboard и ќе може да се поврзе со iPhone, iPad, Android уреди, Windows таблет компјутери и дел од Windows телефоните. Тастатурата, со димензии речиси идентични со стандардните модели, се превиткува на средината и со тоа се намалува просторот кој е потребен за пренос, и вака спакувана е потребен помал простор за тастатурата, отколку за таблет комјутерот. Идејата за тастатура на мобилни уреди беше претставена уште кога беше претставен и таблет компјутерот Surface, кој доаѓаше со ваква тастатура. Очигледно е дека Microsoft сака да понуди алатка со која корисниците полесно ќе можат да ги користат мобилните апликации за кои треба тастатура, како Office за iPad, на пример.

Тастатурата се поврзува преку Bluetooth со телефон, а според Microsoft може да се користи до три месеци пред да биде повторно полнета. Универзалната тастатура може во исто време да се користи на два впарени уреди, а префрлањето од едниот на другиот уред е едноставно со единствен допир. Universal Foldable Keyboard на Microsoft Store, но и во други продавници, ќе биде достапна од јули оваа година, а цената е околу 100 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии