Microsoft претстави нов лаптоп Surface Laptop Go

Дејан Соколоски

во Хардвер

Microsoft претстави нов и евтин лаптоп Surface Laptop Go. Лаптоп е помал, полесен и со полоши перформанси од останатите лаптопи на Microsoft, но е и значително поевтин. Лаптопот чини 550 долари, и единствен пoевтин уред на Microsoft e Surface Go 2.

Surface Laptop Go доаѓа со 12,4 инчен дисплеј со резолуција 1536 х 1024. Ова е лоша резолуција за екран во денешно време, иако е нешто подобра од 720p. Сепак компанијата не штедеше на процесорот и доаѓа со 10 генерација Intel Core i5 процесор. Surface уредите се лесни, но со 1,1 килограм, ова е најлесниот лаптоп на Microsoft до сега.

Уредот треба да биде конкурент на Chromebook лаптопите на Google, а ова може да се препознае и по остатокот на хардвер: 4GB RAM; 64GB eMMC диск. Хардверот не е спектакуларен, и тешко дека ќе воодушеви некого. Сепак станува збор за Surface, a Microsoft навистина ги прави овие лаптопи одлични. Go доаѓа во три варијанти и тоа: 4GB RAM, 64GB eMMC диск за 550 долари; 8GB RAM, 128GB SSD диск 700 долари;
8GB RAM, 256GB SSD 900 долари.

Што се однесува до нешто дополнително, кога клучна е цената нешто мора да се жрвтува, па и нема премногу додатоци. Microsoft успеа во својот Surface Laptop Go лаптоп да стави 720p камера; читач на отпечатоци на копчето за вклучување; USB-A и USB-C порта; и простор за слушалки. Освен ова нема баш ништо спектакуларно на уредот и веројатно фокусот е на поевтин ултрабук наменет за студенти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии