Microsoft претстави нов преведувач и изгледа импресивно. Станува збор за прототип на паметен звучник кој доаѓа со куп функционалности. Звучникот беше најавен пред неколку години, но сега компанијата можеше да претстави и прототип. Intelligent Speaker звучниците се изработени во партнерство со Epos и Yealink.
Звучникот се користи со Microsoft Teams и има куп предности. Intelligent Speaker може да разликува 10 различни луѓе, да ги идентификува и автоматски да го транскрибира нивниот разговор. Звучникот доаѓа со систем од 7 микрофони кои му помагаат да ги идентификува говорниците и со тоа им го олеснува следењето на разговорот на учесниците кои не се во собата. Потоа овие различни гласови ги доделува на профилите во Teams.
Звучниците дури имаат и можност да го преведат јазикот ако некој корисник сака да го следи состанокот на друг јазик. Ако сметаат дека е преголемо нарушување на приватноста, корисниците можат да го променат начинот на работа. Така може да се исклучи транскрипцијата или спојувањето на гласовите со корисникот.
Засега нема најава на цената и за датата на која уредот ќе биде достапен во продажба.







