Microsoft предложи германско решение за европските податоци

Microsoft ќе им излезе во пресрет на барањата на Европската Унија со решение кое не беше досега споменувано. По откритието за прислушување од страна на NSA, Европската унија започна подетално да го анализира складирањето на податоците на Европејците на сервери во САД. Желбата беше да се заштитат корисниците, и затоа најголем број од барањата беа американските компании да отворат податочни центри во Европа на кој ќе бидат чувани податоците на Европјаните. Но, Microsoft предложи нова идеја, па наместо да отвора нови податочни центри, компанијата се понуди податоците на Европјаните да ги чува на серверите на Deutsche Telekom.

Според планот на Microsoft ќе биде креирана нова филијала на Deutsche Telekom, T-Systems која ќе работи со два податочни центри во Германија. Овие центри ќе бидат користени исклучиво за податоците на Microsoft, а центрите би требало да започнат со работа на почетокот на 2016 година, јави Financial Times.

Поради злоупотреба на податоците кои се чуваа во САД, државите членки на Европската унија ја изгубија довербата и во компаниите. Потегот на Microsoft e исчекор кој треба да боде почеток за повторно враќање на довербата. Дополнителен притисок врз американските компании е и укинувањето на договорот Safe Harbour, па сега чувањето на податоците на Европјаните е проблематично.

Доколку Европа биде задоволна од постигнатиот договор со Microsoft, најверојатно слични договори ќе треба да направат и Amazon, Google и Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии