Microsoft повторно ќе се обиде со Windows 10 на ARM процесори

Image courtesy of Microsoft

Microsoft ќе се обиде да понуди ист Windows на сите платформи. За оваа цел компанијата најави партнерство со Qualcomm. Претходниот обид беше со Windows RT, кој беше разводeнета Windows 8 верзија, сега компанијата ќе се обиде со Windows 10.

Непроменетата верзија на оперативниот систем е поддржана на Snapdragon 820 процесорите. Заедно со оперативниот систем, на телефоните ќе може да се користи и Photoshop или Office.

Continuum за телефони е најавен од минатата година, а со универзалните апликации телефоните требаше да работат како PC. За жал ова уште не е реализирано, па апликации како Photoshop не работат на телефоните.

„За прв пат, нашите корисници ќе можат да го искусат Windows како што го знаат, со сите апликации и можности, на мобилен ефикасен, целуларен PC.“, вели Тери Мејерсон од Microsoft Windows and Devices Group.

Покрај новото партнерство со AMD, Microsoft најавува партнерство со Intel со кои ќе соработуваат на Project Evo. Станува збор за технологија за гласовно активирање на Cortana на поголемо растојание. Ова е најверојатно најава за нов уред или технологија од Microsoft која ќе биде конкурент на Amazon Echo и Google Home.

Она што е сигурно е дека следната верзија на Windows 10, ќе овозможи купување на пакети со интернет сообраќај за моболни уреди директно од Windows Store, јави Geekwire.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии