Microsoft покажа претходно тајни прототипи и концепти

Тема на презентерот Крег Мундие е промената која се случува во начинот на кој ги користиме компјутерите. Нивната цел е збогатување на човечкото искуство, правејќи синтеза на нашите дигитални и физички животи. Како први знаци дека оваа нивна идеја станува реалност се Kinect за Xbox 360, интересното Avatar Kinect и Microsoft Surface.

Главната вест на овој настан сепак е објавувањето на веста за Kinect за Windows Software Development Kit кој ќе излезе оваа пролет и кој ќе им овозможи на програмерите да пронајдат нови креативни начини да го искористат Kinect контролерот за Windows компјутерите, како и за Xbox 360. Програмерите нема да можат да заработуваат од апликациите направени со овие алатки, комерцијална верзија би требало да следи понатаму. Погледнете го видеото за да видите што можете да креирате со овие алатки.

Одамна компјутерите не се веќе сметачки машини. Денеска се повеќе и повеќе добиваат нова сетилна димензија. Погледнете што има да каже Крег на оваа тема, заедно со снимки од проектите на кои работат во моментов во Microsoft Research.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии