Microsoft побара законска рамка за технологијата за препознавање на ликови

Не е честа ситуација технички компании да бараат регулација на технологијата. Сепак токму ова е случај со Microsoft кој од конгресот на САД побара што е можно побрзо да се донесе закон со кој ќе се регулира користењето на технологијата за препознавање на ликови. Дополнително, компанијата побара и поодговорно однесување од компаниите кои поседуваат ваква технологија.

„Ние сме држава на закони, а владата мора да има важна улога во регулирањето на технологијата за препознавање на ликови. Светот со строга регулација на продукти кои се корисни, но потенцијално проблематични е подобар од свет слободен од законски стандарди“, вели Бретфорд Смит, претседател на компанијата.

Препознавањето на ликови е сериозно нарушување на приватноста на граѓаните. Секако и без сомневање технологијата може да си пронајде примена, на пример полицијата може да ги следи криминалците. Неодамна во Кина полицијата благодарение на оваа технологија пронајде бегалец помеѓу 60 000 луѓе.

Секако опасноста е дека технологијата ќе овозможи и масовно следење на граѓаните.

Засега двете компании кои најчесто на нудат оваа технологија се Amazon и Facebook. Facebook кој може и да биде осуден за користењето на биометриски податоци без дозвола ја користи технологијата интерно. Но, Amazon на пример, ја продава технологијата, најчесто на полицијата.

Microsoft поседува технологија за препознавање на ликови, но засега не е познато дали некогаш ја направиле достапна за некои владини агенции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии