Microsoft официјално го стартува Outlook.com, сите Hotmail корисници ќе бидат префрлени

Виктор Дано

во Веб

Microsoft наскоро ќе ги префрли сите постоечки Hotmail корисници на новата платформа Outlook.com која веќе има над 60 милиони корисници. Новиот веб-базиран имејл сервис беше претставен пред шест месеци, и сега, по тестирањата, стартува официјално нудејќи им на корисниците паметна интеграција со друштвените мрежи и лесно споделување на „стотици фотографии и видеа со една порака“.

Hotmail корисниците нема да го забележат префрлувањето бидејќи нивните @hotmail.com адреси, лозинки и контакти ќе останат исти за логирање на сервисот.

[youtube]57Xk4kbm0cs[/youtube]

Новиот Outlook.com сега има комплетно редизајниран интерфејс со „интуитивно искуство на сите модерни прелистувачи и уреди“, со пристап до веб складиштето SkyDrive за складирање на фајлови кои сега се полесни за споделување.

Одоговлекувањето на сервисот е само стратегија на Microsoft кој чекаше првин да ја претстави Windows 8 платформата и новите таблет уреди. Во видеата во овој текст, кои се новите реклами за Outlook.com, може да се види дека Outlook.com е наменет за да се користи со новиот оперативен систем, oдносно интерфејсот е дизајниран за да може да се користи со допир.

[youtube]QRsojCj4Vws[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии