Microsoft објави софтвер за болници

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Microsoft вчера на саемот conhIT во Берлин, го претстави својот софтвер за болници и медицински центри наречен Microsoft Amalga. На овој комплексен систем Microsoft има работено интензивно во последните 10 години и има соработувано со многу истражувачки центри кои имаат значајно допринесено за развој и подобрување на софтверот.

Главните атрибути на Amalga се подобро и поедноставно организирање на масовна количина на информации, намалување на грешки при работата на болниците и центрите, инстантен пристап до разни информации за пациенти и др. Софтверот исто така може да се искористи и за организирање и менаџирање на истражувачки проекти.

Microsoft Amalga може и да менаџира распоред и зафатеност на соби и кревети, човечки ресурси, архивирање на слики и финансиски информации.

Компанијата тврди дека Amalga може да процесира 40 ТБ дата и истовремено брзо да истакнува резултати. Софтверот е создаден со помош на .Net системот и користи SQL сервер датабази.

Amalga е дел од нова категорија на системи на кои Microsoft им даде име "Unified Intelligence Systems" и софтверот веќе е имплементиран во 8 болници во Вашингтон и Балтимор.

Со цел да ги задоволи и потребите на болници и медицински центри со пониски буџети Microsoft овозможи делови од софтверот да се купуваат и имплементираат поединечно.

Повеќе информации за Amalga се достапни на следниов линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии