Microsoft Surface ќе чини 700 долари; погледнете ја првата реклама

Microsoft веќе има нарачано помеѓу 3 и 5 милиони Surface таблет компјутери, а производството на уредите е веќе започнато на почетокот на месецот, пишува Wall Street Journal. Три до пет милиони уреди е повеќе од пристојна бројка за компанија која за прв пат ќе презентира таблет компјутер на пазарот. Сепак Microsoft не е анонимна компанија и брендот можеби ќе биде доволен да ги продадат овие уреди кои ќе чинат од 500 до 700 долари зависно од верзијата.

За да влезе на пазарот на големи врата Microsoft стартува маркетинг кампања на која, според the Verge, ќе потроши од 1,5 до 1,8 милијарди долари. По првата реклама за Windows 8, се појави и првата реклама и за таблет компјутерот Surface. Рекламата главно е фокусирана на звукот „клик“ кој се појавува кога се спојуваат таблетот и тастатурата.

[youtube]8mSckyoAMHg[/youtube]

Со објавувањето на рекламата Microsoft ги откри и цените на Surfacе, кои почнуваат од 500 долари до 700 зависно од верзијата. Според цените се чини дека најголема конкуренција на новиот Surface ќе му биде iPad, а не Nexus 7, Kindle Fire 2 и најверојатно се поизвесниот iPad mini како што се претпоставуваше. Ако Microsoft успее да ги продаде овие уреди до крајот на 2012 година ќе има одличен почеток во хардверскиот пазар.

4 коментари на “Microsoft Surface ќе чини 700 долари; погледнете ја првата реклама

  1. Цената е тргната од Мајкрософт страната, дали намерно направија вака ќе видиме. Сепак овој таблет ми изгледа кога ќе купувам би земал ваков.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии