Microsoft објави бесплатен анти-вирус

{mosimage} Microsoft го објави Security Essentials, бесплатен анти-вирус и безбедносен софтвер за сите верзии на Windows оперативниот систем. Претходно овој софтвер го носеше име Мorro и беше најавен дека ќе го замени Windows Live OneCare
чија продажба Microsoft ја стопира бидејќи зеде само 2 отсто од пазарот на безбедносен софтвер.

Security Essentials е наменет за тие што немаат заштита на компјутерите, вели Microsoft што, интересно, според нивната статистика тоа се од 50 до 60 oтсто од корисниците на Windows.

Не знам колку од тој процент се корисници со пиратски Windows. Но, додека безбедносните закрпи се достапни за сите, овој безбедносен софтвер не е. Security Essentials пред инсталација прави Windows Genuine Advantage валидација на верзијата на Windows. Тоа значи дека доколку користите пиратска верзија овој софтвер нема да ви работи.

Security Essentials може да биде и решение на Microsoft за закрпите на својот оперативен систем. Имено, за разлика од другите анти-вируси и безбедносни софтвери кои нудат опција дали да се испрати или не безбедносен извештај од вашиот компјутер до производителот, со Security Essential тој избор го нема. Вие во секој случај ќе праќате безбедносен извештај до Microsoft, кој ќе ги собира податоците со SpyNet. Иако звучи лошо, овој сервис е наменет да ги детектира опасностите.

Бесплатниот Microsoft Security Essentials можете да го симнете тука.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии